Се намалува каматата за купи куќа, купи стан

Bez autora
Jun 24 2014

Се намалуваат каматните стапки за проектот „Купи куќа, купи стан“. Владата веќе ги објави предложените измени на Законот за субвенционирање на станбен кредит, кои ќе се носат по скратена постапка. Целта е намалување на каматните стапки за субвенционираните станбени кредити, со цел намалување на трошоците за кредитот кој го плаќаат граѓаните како кредитокорисници на субвенциониран станбен кредит, се вели во владиното образложение. Со Законот се предлага намалување на каматната стапка на субвенционираниот станбен кредит за граѓаните, од 4,99 отсто - на 3,95 отсто за првите три години од отплатата на кредитот, и од 5,5 отсто на 4,44 отсто за четвртата и петтата година од отплатата.

Се намалува каматата за купи куќа, купи станСе намалуваат каматните стапки за проектот „Купи куќа, купи стан“. Владата веќе ги објави предложените измени на Законот за субвенционирање на станбен кредит, кои ќе се носат по скратена постапка.

„Целта е намалување на каматните стапки за субвенционираните станбени кредити, со цел намалување на трошоците за кредитот кој го плаќаат граѓаните како кредитокорисници на субвенциониран станбен кредит“, се вели во владиното образложение.

Со Законот се предлага намалување на каматната стапка на субвенционираниот станбен кредит за граѓаните, од 4,99 отсто - на 3,95 отсто за првите три години од отплатата на кредитот, и од 5,5 отсто на 4,44 отсто за четвртата и петтата година од отплатата.

Со предлогот е уредено дека деловните банки имаат право на надомест на разликата на износот на намалената каматна стапка за субвенционираниот станбен кредит.

Околу оценката на финансиските последици од овој закон, Владата наведува дека „Законот, чие донесување се предлага, ќе повлече средства од Буџетот. Спроведување на Законот за субвенциониран станбен кредит во 2014 година ќе се одвива во рамки на обезбедените средства во Буџетот на Македонија за 2014 година“, објаснуваат од Владата.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik